среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Пакистан нареди затварање на фондацијата Џорџ Сорос

Пакистан известил најмалку 10 хуманитарни организации што се финансираат од странство, меѓу кои и фондацијата на Џорџ Сорос, да ја запрат својата работа. Претставник на Пакистанскиот хуманитарен форум, кој обединува 63 меѓународни групи за помош, соопшти дека на 10 од членките им се испратени писма дека ќе им бидат укинати регистрациите.

Форумот не ги соопшти сите десет групи, но откри дека меѓу нив се Отворено општество на Сорос и Екшнејд.

– Тоа што се случува е неприфатливо и изненадувачко и ние ќе побараме објаснувања, изјави претставник на фондацијата Отворено општество, која од 2005 година во Пакистан потроши 37 милиони долари за проекти за помош.

Пакистан во последните години ги преразгледува и зајакнува контролите на меѓународните НВО. Официјален Исламабад обвинува некои од нив дека ја користат својата дејност како параван за шпионажа.

Во јануари годинава властите забранија десетина групи, кои работеле во области како што се правата на жените и човекови права. Годинава и Лекари без граници доби наредба да ја запре работата во три свои објекти во граничните области со Авганистан.

Фондацијата „Да ги спасиме децата“ беше оцрнета во 2011 година откако беше поврзана со пакистански лекар, кој бил врбуван од страна на ЦИА да помогне за пронаоѓање на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен во Аботабад. Странскиот персонал на организацијата беше екстрадиран веднаш од Пакистан, но околу илјада локални вработени продолжија да работат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top