вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 109 ново

Лима одлучи: Повеќе нема да се соблекувам! (Фото + 18)

Адриана Лима донесе голема одлука која би можела да има влијание и на нејзината кариера.

Моделот на „Викторија Сикрет“ на својот Инстаграм профил напиша дека повеќе нема да ја соблече облеката од себе доколку нема вистинска причина за тоа.

💜I had received a call for the possibility of filming a sexy video of me to be posted and shared in social media. Even though I have done many of this type, something had changed in me, when a friend approached me to share that she was unhappy with her body, then it made me think…. that everyday in my life, I wake up thinking, how do I look? Was I going to be accepted in my job? And in that moment I realized that majority of woman probably wake up every morning trying to fit in a stereotype that society/socialmedia/fashion etc imposed…. i thought that’s not a way of living and beyond that…. that’s not physically and mentally healthy, so I decided to make that change….. I will not take of my clothes anymore for a empty cause…..💜✨ #Embraceyouself #natureisbeautiful #naturalissexy #LOVEYOU 💜✨

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

-Добив прилика да снимам секси видео кое ќе биде поставено на социјалните мрежи. Иако веќе имам направено повеќе од истиот тип, нешто се промени во мене кога една пријателка ми рече дека не е задоволна од сопственото тело, што ме натера да размислам…Дека секој ден од мојот живот, јас станувам и размислувам… Како изгледам? Ќе бидам ли прифатена во мојата работа? И во тој момент сфатив дека поголемиот дел од жените најверојатно се будат секое утро обидувајќи се да се вклопат според стереотипите кои се наметнати од општеството, социјалните медиуми, модата и.т.н. Помислив дека тоа не е начин на живеење, а не е ни ментално ни физички здраво, па одлучив да ја направам таа промена. Повеќе нема да ја соблекувам својата облека поради погрешени причини, беше пораката која Лима ја сподели со јавноста.

Изгледа дека моделот повеќе не ги почитува ни ангелите на Victoria’s Secret, а со оглед на тоа дека повеќе не го следи познатиот бренд од својот профил, можеби навестува и дека ќе се раздели од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top