петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Зоран ми раскажа се за убиството на Јелена – тврди неговиот цимер од затвор!

Судбината на Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, може да ја запечати неговиот цимер од ќелијата, кој вели дека Зоран му кажал се.

Имено редакцијата на српски Телеграф добила писмо од човек кој тврди дека е цимерот на Зоран и дека знае се за убиството кое веќе година ипол е мистерија.

– Редакцијо, бев во затвор со сопругот на Јелена и се ми раскажа. Во затворот порано или подоцна сите пукаат и ја кажуваат вистината – напишал тој.

Авторот на писмото не сакал да го открие своето име ниту пак деталите за злосторството кое ја потресе Србија, најавувајќи само дека тоа ќе го направи дополнително.

Дотогаш останува да се види дали неговото сведочење ќе го закопа Зоран или ќе доведе до некој нов пресврт во истрагата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top