понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 71 ново

Се шири уште поопасна верзија на рускиот рулет од самиот руски рулет

Во рускиот град Перм се практикува опскурна модификувана верзија на руски рулет, во која учесниците пукаат еден во друг, со тоа што наместо вистински куршуми, користат електрошокови. Идејата, која ја добил парализиран спортист, се шири со брзина на светлината. Играта донесува голема заработувачка, но и адреналин, тврдат учесници. Сепак, учесниците признаваат дека електрошоковите предизвикуваат и проблеми.

Основните рпавила се како и во класичниот руски рулет: играчот става еден курум во празно буренце и го врти, а потоа пиштолот оди во круг и секој играч го потегнува чкрапалото по еднаш додека пиштолот го држи на својата слепоочница. Разликата е што наместо класичен, во оваа верзија од играта се користи елетрокушум, кој исфрла електрична искра, односно, струен удар. Електрокуршумите се непријатно, по ударот лицето чувствува пецкање, а мускулите почнуваат да се грчат.

Играчот кој ќе издржи најдолго, односно кој ќе ја сокрие болката како да не е погоде или оној кој ќе има среќа навистина да не биде погоден, е победник, наведува „Руски вјесник“.

Во играта не се дозволени имиња и прекари на учесниците, туку тие се нумерирани. Во првата етапа играчите пукаат во тилот на соиграчите. Постои систем на триаголник – жена и двајца мажи кои си пукаат еден во друг.

Кога модераторот ќе објави дека сите се живи, следува уште еден круг. Имаат право на пет круга додека не почне да се грчи вратот на еден од играчите. Тој испаѓа.

Додека социолозите се обидуваат да сфатат што ти тера луѓето да ја играат оваа опасна игра, една учесничка вели дека е налошо кога ударот ќе погоди над каротидната жлезда, зашто предизвикува контракција на вратните мускули, а објаснува дека полесно се блефира кога куршумот ќе удри во рака или во чело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top