недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Женски имиња за плачење: Список на чистачки на виенските клозети

Во секоја поголема компанија на внатрешната страна на вратата на тоалетите е запелен лист на кој се потпишуваат листачките кои се грижат за хигиената на тоалетот. Еден ваков лист хартија фотографиран во тоалет во Виена, кој покжаува, меѓу другото, дека тоалетот се чисти по стандарди, беше објавен на Твитер.

„Имињата кажуваат се“, напишал твитерџијата, Мара, Јованка, Наташа и Елвира.

Под твитот, кој во меѓувреме бил избришан, отворена е дискусија дека можеби сите се од поранешна Југославија, но „колку и да црнчат во Австрија, барем знаат за што работат кога ќе ја земат платата“. „Чистат клозети и подобро живеат во Виена отколку лекарите, професорите и војниците во Србија“, „Зошто е срамота да се чистат тоалети?“, „Некои се мајтапат, но ова не е смешно, за плачење е“…

Просечно, еден час работа во Австрија чини околу 29 евра. Чистачите како Мара, Јованка, Наташа и Елвира во Виена заработуваат меѓу 30 и 34 евра на час, а работа на црно изнесува меѓу 10 и 15 евра. Изгледа воопшто не им е лошо на нашите Мара, Јованка, Наташа и Елвира и останатите 500.000 Балканци кои по парчето леб заминале во Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top