среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Семејството на Чавков упатило преставка до Народниот првобранител

Семејството на Митко Чавков вчера попладне до Народниот правобранител доставило претставка.  Од канцеларијата на обдусманот велат дека ќе отворат предмет и ќе ги испитаат наводите во претставката.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од вчера штрајкува со глад во затворот во Шутка.

– Психички е стабилен, но како реакција на неправдата што му е нанесена со определување на мерката притвор, како и товарење за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ донел одлука да штрајкува со глад – рече Петар Василев, адвокат на Чавков.

Тој информира вчера го посетил Чавков во затворот, откако побарал вонредна посета и добил дозвола од судијата.

Најави дека денеска ќе побараат вонреден лекарски преглед со кој ќе се утврди вистинската задравствена состојба. Чавков се согласил да биде прегледан. Василев очекува мерката од притвор во затворски услови да биде земенета со куќен притвор. Вчера Чавков во затворот го посетил и еден член на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top