четврток, 22 ноември 2018 | Вести денес: 29 ново

Владо Јовановски е денешниот Ристо Шишков, неговата вина е што си ја сака земјата и химната (видео)

Вечерва сме тука пред Министерството за Правда да им изразиме една несебична човечка, лична и несебична поддршка на сите оние кои заради патриотизам се обвинети за тероризам политички и неправедно, ова вечерва го потенцира Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Три години ние од тогашната опозиција и многу експерти, така наречени невладини активисти слушавме што е тоа режим, во изминативе три, четири месеци може секој да учи и да гледа што значи тоа режим, тоа значи погазување на слободата и правото на човекот да размислува поинаку, да има поинакво политичко мислење, да има право на протест, да има право да си ја изрази љубовта кон својата татковина и истата да си ја заштити. Затоа една порака вечерва упатуваме до сите оние кои што прават вакви неправди, ова нема да трае вечно, за една година, за две, три ова ќе се смени, но реваншизмот кој што денес некој го прави на политичка основа ќе роди само нов реваншизам, неправдите кои што некој само ги спроведува и се иживува врз недолжни луѓе, ќе родат други неправди. Затоа апелот е и до Министерството за правда и до обвинителството и судовите, не правете неправди затоа што ќе се родат други неправди, не правете жртви, затоа што тоа ќе донесе други мотиви за реваншизам, вели Милошоски.

Тој додава и дека овие апсења на пратеници и граѓани имаат само една цел, да ја покријат неспособноста на Владата со кои што ги лажеше граѓаните. Апсењата има за цел да крене една димна завеса за да се покрие обврската преземена пред други актери, а не пред граѓаните за проекти кои се на штета на Република Македонија.

– Денеска за жал не сме 1981 година, но за жал актерот Владо Јовановски е денешниот Ристо Шишков, денеска Владо е затворен за патриотизам и обвинет за тероризам, а тој е обвинет исто како Ристо Шишков, а единствената вина е што ја сака својата химна, македонската држава и што го изразил своето мислење против оваа марионетска власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top