недела, 19 август 2018 | Вести денес: 71 ново

Трамп: „Тајм“ ми понуди повторно да бидам личност на годината, ги одбив

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека списанието „Тајм“ му најавило дека тој најверојатно ќе биде именуван за личност на годината и му побарало интервју за таа цел, но тој ги одбил.

– Ми се јавија од магазинот Тајм да ми кажат дека Најверојатно ќе бидам маж (личност) на годината, исто како и минатата година, но ми бараа да им дадам интервју и можност да ме фотографираат. Им реков дека тоа веројатно не е добро и ги одбив. Благодарам во секој случај, напиша претседателот Трамп на социјалната мрежа Твитер.

Трамп лани секако беше личност на годината, по неговата победа против Хилари Клинтон. Во текот на годината, во периоди кога изборната кампања на Трамп се одвиваше лошо, „Тајм“ објави и две насловни страници со ликот на Трамп како се топи, навестувајќи дека кампањата му е во распад.

По изборот на Трамп, списанието продолжи да го обвинува за хаотично водење на државата и објави и насловна страница на која Трамп седи во Овалната канцеларија, додека ветер му ги носи документите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top