сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 29 ново

Комити влегоа во топ 5 навивачки групи во Европа – Спектаклот ги воодушеви сите (видео)

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ минатиот викенд прославија 30 години од нивното постоење.

Покрај оваа прослава „Комитите“ го прославија и 70 годишното постоење на својот омилен клуб, ФК Вардар.

Кога ќе се поврзат овие две работи, не може да се очекува ништо помалку од еден голем спектакл, каков што и приредија фановите на Вардар.

За тој спектакл покрај во нашата држава, видоа и во другите делови во Европа.

Поради тоа „Комити“ и се најдоа во топ-5 навивачките групи во Европа и тоа не 5-тото место.

5.Комити Скопје

4.Делије- фановите на Црвена Звезда

3.Фановите на француски Бордо

2.Лешинари- фанови на Борац Бања Лука

1.Фановите на Легија Варшава

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top