сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

По Британецот и Косовец фатен како шпионира во касарната „Илинден“

Во полициската станица во Карпош, вчера околу 10 часот бил приведен 58-годишниот Х.Р. од Косово кој бил затекнат во кругот на касарната Илинден.

Од полицијата информираат дека лицето е приведено поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија“.

По целосно расветлување и документирање на случајот, ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се превземат понатамошни дејствија.

Идентичан инцидент на овој се случи и минатиот месец кога за истото кривично дело, „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ беше обвинет 30-годишнитот британски државјанин К.Р.Џ, кој неволастено влегол во касарната „Илинден“, се движел низ неа и фотографирал. Како и Косовецот вчера, и Британецот беше испрашуван во полициската станица во Карпош.

Британски шпион и влегол на Шекеринска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top