понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!

Голем срам на 13 Немо куп 2017.

Имено на натпреварот по пливање, децата кои се натпреварувале морале да платат 180 денари од трка, поточно секое дете за да се натпреварува требало да плати 180 денари, ако е од Македонија, или 3 евра ако е од странство, по дисцплина. Тоа значи дека секое натпреварување во секоја друга трка исто така ги чинело по 3 евра.

Освен што децата практично биле „одрани“ со пари, одговорните од  Олимписки  базен не се потрудиле ниту да им пружат адекватни услови за одвивање на натпреварот, па така резултатите од натпреаворот биле истакнувани на бели чаршави со прожектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top