среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 84 ново

Вечерва почнуваат 18-тите Есенски музички свечености

Осумнаесеттите Есенски музички свечености вечерва (петок) од 20 часот ќе бидат отворени со реприза на гала-оперскиот концерт и претставата „Кавалерија рустикана“ со кои Операта  ја почна новата сезона и го одбележа 70-тиот роденден.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, која ја организира манифестацијата, најави 13 концерти до затворањето на 30 ноември, богата програма и странски изведувачи од Словачка, Унгарија, Турција, Словенија, Србија, Шведска, Холандија и Русија.

Класичната музика останува основниот концепт на Есенските музички свечености, но фестивалот ќе понуди и џез и фоклорни концерти. Ќе има соло-рецитали и концерти на професионални ансамбли и институции, меѓу кои е и настапот на Ансамблот „Танец“ кој е редовно на овој фестивал.

Од гостинските концерти организаторите ги издвоија настапот на познатата џез-музичарка од Турција Елиф Чаглар и нејзиниот квартет и Женскиот младински хор „Јубилате“ од Унгарија со концерт по повод 50 години од смртта на композиторот Золтан Кодај.

И годинава ќе се афирмира македонското музичко творештво со јубилеен концерт – овојпат за  90 години од раѓањето и 10 години од смртта на проф. Драгослав Ортаков.

Манифестацијата ќе заврши на 30 ноември со концерт „Поема екстаза“ на Македонската филхармонија со која Дирекцијата по неколку години ја обновува  соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top