среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 5 ново

Сара Мејс го објави првиот албум

Првиот албум на Sarah Mace веќе се наоѓа на полиците на Југотон. Нејзиниот проект „Floating through space with Sarah Mace“ со песните „Небо“ и „Време“ веќе се слуша во македонскиот етер, радио станиците и топ листите придобивајќи илјадници љубители на музиката.

Инспирацијата за текстот на песната „Време“ извира од елацијата на минатото, допирот на сегашноста и аберацијата на иднината. Музиката на „Време“ е од Sarah Mace, Дејан Митовиќ и Неврус Бајрам, и текстот е од Sarah Mace. Аранжманот е од Дејан Митровиќ, Неврус Бајрам, Sarah Mace, Иван Петровски и Александар Ванчовски. Снимена е од Ивица Јанкуловски и микс и мастер е Горан Гешовски.

Во склоп на проектот „Floating through space with Sarah Mace“ се одржаа два концерти, каде на првиот, под отворено небо, времето не им дозволи на Сара и нејзиниот тим да го одржат еден од најспецифичните концерти кои некогаш биле подготвени во Македонија. Покрај тоа што дождот и ниските температури претставуваа ризик за сите, Sarah Mace, Иван Петровски, Неврус Бајрам, Дејан Митровиќ, Филип Димишковски, Теа Богатинова, Калина Велковска, Александар Ванчовски и Виктор Филиповски се качија на бината и со акустични инструменти ја исполнија атмосферата со забава и причина за уживање пред присутните.

Албумот „Floating through space with Sarah Mace“ е авторско дело на Sarah Mace и нејзиниот тим. Истиот е издаден од „Пасворд продукција“. Продуцент е Горан Гешовски и албумот се снимаше во студио „Алшар“ од Ивица Јанкуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top