вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Kурц доби мандат да формира влада

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска на Себастијан Курц, лидерот на Народна партија (ОВП), кој победи на парламентарните избори во неделата, му го довери мандатот за формирање на нова влада.

– Врз основа на изборниот резултат, на министерот за надворешни работи, шеф на ОВП, Курц, како лидер на најсилната партија, му давам мандатот да предложи нова влада, рече тој.

Тој, како што истакна, од владата очекува не само посветеност кон Европа, туку и развојот на ЕУ.

Австрискиот претседател го поздрави ставот на Курц дека основен услов за формирање на владата е оти таа мора да биде проевропска.

Курц се заблагодари за укажаната  доверба и рече дека ја прифаќа со целосна свест големата одговорност.

Тој најави дека, како што рече, ќе одржи разговори со сите парламентарни партии, и дека дури потоа ќе започне коалициски преговори, а за одлуката со кого ќе коалицира, ќе го информира претседателот и јавностата.

Курц, исто така, ќе разговара со помалите партии во Парламентот за каква соработка е можна, бидејќи со нив постои двотретинско мнозинство кое е потребно за некои промени.

– Сакам да формирам влада, која ќе биде одлучна и храбра за да спроведе промени во земјата. Во некои сектори треба да се справиме со застарениот систем, посочи Курц

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top