вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

В среда почнува вакцинацијата против сезонски грип во целата држава

Вакцинација против сезонски грип во цела држава ќе започне в среда, 18. октовмри и се врши во Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици.
Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија, подготвена е согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и штити од два типа на вируси од групата A и еден тип на вирус од групата Б, а производител е „Абот“ од Холандија.
Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено хронично болните лица, мали деца под 3 години со намален имунитет, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет. Вакцината против грип е незадолжителна вакцина и се дава на доброволна база.
Цената на вакцинацијата против сезонски грип изнесува 400 денари, како и минатите години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top