вторник, 18 септември 2018 | Вести денес: 90 ново

„Анима“ и „Релации“ на Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски на изложба во Кавадарци

На 19 октомври (четврток) во Домот на културата во Каварадци, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на дела од Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски. На изложбата ќе бидат претставени дела од двајцата уметници независно еден од друг. Гордана има 17 дела работени на платно во комбинирана техника и изложбата е насловена „Анима, додека Игор својата изложба ја насловува „Релации“.

-Делата на Гордана самите по себе се наративни и носат длабока мистичност, посталгичност и надреална симболика. Секое нејзино парче уметност ги поттикнува сетилата, тера на размислување и барање одговори. Авторката преку своите дела ги спојува уметноста и личниот развој, и главниот поттик и е фасцинираноста од подсвесното знаење и мудрост кои секој човек ги носи во себе. Кај набљудувачот сака да предизвика размисли за мистиката на животот, митологијата и симболиката, се со цел достигнување на повисоко ниво на свесност и среќа, ќе напише Лиза Греј, куратор од Лондон.

 

Анимата и анимусот се подссвесни духовни архетипови на друштвениот живот стекнати низ историјата на човековата цивилизација. Тие се основни двигатели на родовата перцепција, женскоста и машкоста во нашата свесна перцепција, како за самите себе така и за другите.

Познатиот психоаналитичар Карл Јунг вели дека сите егзистираме со двете опозитни природи во нас и само кога тие се во баланс успеваме да дојдеме до сопството и чувството на исполнет живот. Степенот на развиеност на таа опозитност одредува не само каков ке ни биде животот, туку и каква ќе ни биде релацијата со спротивниот пол.

-Моите дела се и анализа на една маска психа и незиниот конструктивен и здрав поглед кон жената. Таа опфаќа и персонификација на мајчинскиот ерос односно психичките квалитети како сто се интуиција, предцувство, лјубопитнист, склоност кон ирационалноста итн. Со делата сакам првенствено да го потикнам набљудувачот да се осмели да погледне длабоко во својата внатрешна родова опозитност. Мажот на пример да ја доживее, да ја запознае, да ја разбере и да ја интегрира женскоста во својата свест, вели авторката Гордана Винчиќ.

Гордана Винчиќ е родена на 14-ти Јули 1971 во Скопје, Мaкедонија, а живее и твори во Малме, Шведска. Во 1998 година завршува студии за Социјална работа и политика при реномираниот универзитет Лунд. По дипломирањето почнува да се занимава со психологија, а исто така се здобива и со 15 годишно лидерско искуство во повеќе области. Големо влијание врз творештвото на Гордана има нејзината мајка која како ликовен уметник и историчар на уметноста, уште од мали нозе и ги всадила корените и тајните на сликарството. Удел во слободоумното сликарство на Винчиќ има и нејзиниот татко кој е носител на Медал за храброст, Орден за труд и Јубилеен медал за заштита на спомениците на културата во тогашна СФРЈ.

Делата на Гордана самите по себе се наративни и носат длабока мистичност, носталгичност и надреална симболика. Секое нејзино парче уметност ги поттикнува сетилата, тера на размислување и барање одговори. Авторката преку своите дела ги спојува уметноста и личниот развој, а главниот поттик и е фасцинираноста од подсвесното знаење и мудрост кои секој човек ги носи во себе. Кај набљудувачот сака да предизвика размисли за мистиката на животот, митологијата и симболиката, се со цел достигнување на повисоко ниво на свесност и среќа.

Нејзиниот татко е доктор на науки во доменот на Археологијата со специјализација Антика. Во текот на својот работен стаж, незиниот татко бил ангажиран на истражувањето и заштитата на најзначајните споменици и локалитети на културата во доменот на археологијата ширум Македонија, како што се: Стоби, Скупи, Баргала, Хераклеа, Црвквата СВ Панетлејмон, гробот на Св Климент – Охрид, црквата и многу други.

Винчиќ зад себе има реализирано повеќе самостојни изложби, меѓу кои една од позначањите е изложбата „Transitions“ во музејот на „Puskinska 10“ во Санкт Петерсбург во 2015 година. Таа има создавано и изложувано дела заедно со својата сестра во Франција, Шведcka Англија и Македонија. Поради големото искуство и знаење во доменот на социјалната работа и политика, Винчиќ во соработка со Шведските власти има одржано преку 300 визуелно – иновативни ликовни работилници. Се потпишува и како организатор на голем број семинари во Шведска за лидерство, каде што основните алатки се токму нејзините умнетнички дела.

Иако Гордана професионално се бави како ликовен уметник повеќе од 10 години, минатата година (2015) во Малме запиша студии по Ликовна Академија. Во Февруари оваа година (2016) Винчиќ ја издаде првата книга „Лицата на Александар и Градот со 7 Капии“, каде ги има претставено методиката на работа и делата творени со нејзината сестра, кои беа изложени во Порта Македонија во 2014 година.

-Преку јазикот на телата и нивната психодрамска поставеност се обидувам да доловам спектар различни психолоски состојби и чувства меѓу две индивидуи . Нивната релација содржи сочувствителност , длабока емпатија , предаденост или рамнодушност и антагонизам . Набљудувајки ги моите дела гледачот може да насети , препознае или да продре во некоја своја психолошка состојба при една врска . За да се воспостават племенити и длабоко емотивни односи неминовно е да се спознаеме самите себе преку другиот, вели Игор.

-Со вакви меѓучовечки релации може да доживееме попитома , страствено љубовна или емотивна врска во интеракција со другиот ние се рефлектираме како во огледало и полесно откриваме нови сознанија и разбирање со другиот . На пример , рефлектирајки се во другиот јас полека се предавам и сваќам дека сум способен да сакам посилно со поинтензивни чувства. Во спротивност, кога не постои емпатија помеѓу двајца најповеќе пати самата индивидуа, тивко па се до најсилна агонија, тоа влијае негативно со регрес и ентропија на нашиот свет, потенцира Љубовчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top