среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 95 ново

Мајката на Иванка Трамп има интересно мислење за Меланија (ВИДЕО)

Иако се разделени дури 25 години, кога Трамп ја напушти за Марла Мејплс, Ивана Трамп се уште е во добри односи со поранешниот сопруг, со кого редовно се слуша на телефон. Во интервју за „Сандеј морнинг“ поранешната сопруга на американскиот претседател открива непознати детали и нагласува дека Доналд „без неа не би бил она што е денес“.

Шеесед и осумгодишната Чехинка за Трамп се омажила во почетокот на неговата кариера, во 1977 година, а заедно беа до 1992, кога Трамп ја изневери со Марла Мејплс, која и стана негова втора сопруга.

-Не сакам да зборувам за неа, никогаш ништо не постигнала во живот, кратко вели Ивана, која по разводот од Трамп уште двапати се мажеше, за својата соперничка.

-Јас и Меланија добро се согласуваме, одговорила, а на прашањето зошто се согласува со Меланија, а не и со Марка, Ивана подготвено одговара: „Првата е никој и ништо, а втората е прва дама“.

Вели дека токму таа го наговорила Доналд да отвори профил на Твитер.

-Му реков дека тоа е нова технологија, ако сака она што ќе го каже да допре до сите без да дава интервјуа за „Њујорк тајмс“, кој ќе го испропреврти секој збор, тогаш ова е најдобар начин, раскажува Ивана, која во моментов ја пишува книгата „Издигнувањето на Трампови“.

За книгата ја инспирирало однесувањето на нивните заеднички деца Доналд Трамп помладиот, Ерик и Иванка во текот на пампањата на Доналд. Таа тврди дека поранешниот сопруг ѝ понудил амбасадорско место во Чешка, но одбила.

-Си ја сакам слободата. Зошто да се откажам од Мајами зиме, Сен Тропе лете и од Њујорк во есен и напролет? Јас веќе имам совршен живот, вели Ивана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top