понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 49 ново

Рајовиќ: Главната работа на детето е да игра, а не да оди на активности

Ако со еден збор можам да ги опишам најчестите грешки кои родителите денес ги прават, би кажал презаштитеност.

Се разбира, родителите тоа го прават од љубов, но мора да ја знаат на границата меѓу заштита и претерана заштита, вели Д-р Ранко Рајовиќ, еден од најголемите експерти за ран развој на интелигенција кај децата.

Детето мора да се развива како и секој биолошки организам, да излегува и на дожд и ветер и сонце, дури и да паѓа, да ги раскрвави лактите и колената. Меѓутоа има родители кои не дозволуваат детето да падне. А токму тоа е прзаштитување и тоа е она што го нарушува развојот на детето.

Последните истражувања покажуваат дека секоја нова генерација на деца е послаба, а главен виновник се родителите, а тоа е токму поради претераната заштита. Родителот едноставно не го развива биолошкиот потенцијал на детето.

Живите суштества кои не се движат се растенија, тие немаат нервни клетки. Ние сме живи суштества за движење, имаме најсложен нервен систем. Главна карактеристика на луѓето е исправено држење и движење. Преведено, мозокот се развива во движење. Знаеме од физиологија дека мозокот најмногу се развива во втората, третата, петтата, седмата и дванаесеттата година. Прашањето е што е главната работа на детето. Па да се движи и во тоа движење да падне и да се повреди, и да научи како да се дочека кога ќе падне. Сега имаме чудни ситуации во градинките и училиштата, децата да паѓаат како штици, бидејќи нивниот мозок порано не научил како да се дочекаат.

Како сликовит пример на д-р Рајовиќ го наведува детскиот поводник. Се проценува дека е корисен само во ситуации каде што сакаме да го контролираме движењето на детето во близина на патишта и раскрсници, но не и во парковите.

Сигурно сте виделе родители кои ги водат децата со поводник, слично како оние за кучиња. Ги прашувам тие родители што ќе ви е тоа. Родителите ми објаснуват дека така детето помалку паѓа, не развива страв од паѓање и брзо проодува. Но, ако детето не научи да падне на една, две, три години, кога ќе научи. Детето мора да научи да скока и прескокнува препреки. Природно е тоа да гоправи, особено ако може на песок, лисја, сено, плитка вода … Во такво скокање и движење сите мускули работат, мозокот тоа го контролира и се создаваат нови нервни врски, синапси и од тоа зависи неговата интелигенција понатаму. Ако тоа на детето не му го дозволите, тогаш тоа ќе скока низ куќата, што може да биде опасно. Не е работа на родителите да го спречат детето да скока, туку да внимаваат детето да не се повреди.

Граница помеѓу заштита и претераната заштита

Едукацијата на родителите е многу важна. И денес, кога ги прашувам родителите колку е важна генетиката а колку е животната средина, мислењата се поделени. Замислете дека родители кои се многу интелигентни добиваат син. Овој син сам живее пет години во просторија каде што со никој не комуницира со него. Дали овој син ќе биде 50 или 30% како неговите родители? Не, тоа дете ќе биде ментално заостанато. Овде гледаме дека средината е важна речиси 100%. Тогаш се прашуваме што е со генетиката. И генетиката е 100% важна, но развојот на овој потенцијал зависи од околината. 

Како еден од главните проблеми е прекумерната употреба на компјутери, односно таблети и мобилни телефони. Јасно е дека ова се важни помагала, но ако има ограничување. Многу родители кога се премногу уморни, вознемирени или имаат обврскина своето дете му даваат таблет или мобилен телефон по неколку часа. До моментот додека употребата е контролирана, во ред, но во спротивно ќе предизвика огромна штета, предупредува Рајовиќ.

Ние сé повеќе сме опкружени со технологија, родителите ја купуваат за да си го олесннат животот, а тоа, пак, на крај е штетно за развојот на детето. Родителите мора да бидат свесни дека животната средина е важна и дека ако се менува животната средина, а свесни сме колку брзо се менува, а тоа влијае врз развојот на детето, така што треба да смениме некои стратегии, пристапот кон развојот на децата и образованието, бидејќи во спротивно ќе платиме висока цена и се чини дека веќе плаќаме.

Д-р Рајовиќ објаснува колку е важно родителите да знаат што е добро, што не е добро, зошто нешто е добро или зошто не е добро и како да му помогнат на детето каде што сме згрешиле.

Кинезите би рекле дека грешките создаваат искуство, а искуството е почеток на мудроста. Никој не сака да згреши на своето дете. Најдобро е да се едуцирате и да не правите грешки. Децата брзо растат, а грешките тешко се поправаат.

Главната работа на детето е да игра

Честа појава е форсирање на децата истовремено да одат во музички училишта, на различни спортски активности и учење јазик. Во тој случај, има малку или нема време да си игра, што не е добро.

Не смеете, вели д-р Рајовиќ, да ги присилите децата да одат од една активност на друга, или од друга страна, да му дадете компјутер да игра колку што сака.

-Компјутерот не е игра, компјутерот е корист и не може да ги замени родителите. Прошетка, парк, природа, шума, одење во селото е нешто што му помага на развојот на детето. Работата на родителот е да го направи детето посреќно и пораздвижено. Времето што го поминале родителите со детето нема замена. Кога детето ќе прооди, детето е среќно, но и за родителите е огромна среќа, слична ситуација е кога ќе научи да вози велосипед или некоја друга вештина. Ова го прави детето среќно, но во исто време и нас. Тоа е време поминува многу брзо. Знам дека од работа сите се враќаме уморни, детето ни скока по главата, но сфатете дека родителите не можат да бидат заменети со таблетот и мобилниот телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top