понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 113 ново

Девет начини како да го „светнете“ домот за помалку од еден час

Никој не сака слободното време да го мине чистејќи.  И да бидеме искрени, професионалците секогаш се подобри. Но, ако сакате сами да се справите со чистењето на домот, сигурно сакате да научите некој трик, а ние ги имаме.  Еве како професионалните сервиси за чистење ја светнуваат куќата за помалку од еден час.

  1. Тие користат крпи, а не хартија. Хартиените крпи оставаат влакненца, а крпите не. Со крпите се чисти побрзо и тие се подобри за валканици. (И секако, крпите се перат и се користат повторно, што значи дека се подобри за околината).
  2. Не користат многу средство за чистење. Користењето на премногу средство, всушност го прави потешко чистењето, затоа што минувате повеќе време бришејќи го вишокот на продукт за чистење. Не претерувајте!
  3. Почнуваат од горе. Со долга метла за прашина, избришете ги тавански вентилатори, ќошиња и отвори за проветрување. Потоа избришете прашина и исполирајте го мебелот. Откако ќе завршите, правосмукајте и избришете ги подовите. На овој начин нема да биде потребно да ја чистите истата област два пати.
  4. Ништо не им го одзема вниманието. Професионалните чистачи немаат време да заостануваат и паузираат кога ќе најдат слика која не ја виделе долго време, или ново списание кое сѐуште не го отвориле. Тие не обрнуваат внимание на ова, туку продолжуваат со чистење.
  5. Инвестираат во добри правосмукалки. Професионалните чистачи немаат време за губење – тоа им е потребно за да ја елиминираат прашината и валканоста. Имаат моќни правосмукалки кои чистат голем дел за нив. Ако буџетот ви дозволува, вреди да инвестирате.
  6. Чистат СПОРЕД СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ. Одберете позиција која е “12 часот” и започнете од таму, чистејќи во круг додека не завршите. На овој начин не губите време мислејќи се што е следно, или пак да не сте пропуштиле нешто.
  7. Просторијата им е добро осветлена. Ако можете да видите се, тоа значи дека ништо нема да пропуштите. Едноставно.
  8. Поставуваат временски лимит. Професионалните чистачи обично имаат еден час за да исчистат цел дом. Поставете си лимит и придржувајте се кон него.
  9. Обрнуваат внимание на детали, но не заглавуваат на нив. Исчистете ги кваките, прекинувачите и рачките на фрижидерот- овие работи прават огромна разлика, верувале или не. Но, не заглавувајте на лајсните, исчистете најдобро што можете и продолжете понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top