сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Каков градоначалник сака Аеродром? Марин со 1,17 промили алкохол во крвта направил сообраќајка, судот го прогласил за виновен

Кандидатот за градоначалник на Аеродром на СДСМ, Златко Марин, по се изгледа е с освен она за кое се преставува односно, дека е домаќин човек. Марин во 2009 година направил тешка сообраќајна незгода, по негова вина, додека бил под силно дејство на алхохол, јави порталот Инфомакс.

Како што може да се види од пресудата против него, Марин во 2009-та година со 1.17 промили алхохол во крвта, на булеварот „Илинден“ со голема брзина удрил во друго возило, а од ударот возачот во другото возило се здобил со тешки телесни повреди.

Марин пак, бил прогласен за виновен, а судот му определил парична казна, која доколку не ја плати требало да се изврши казна затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top