недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Свадбата на Каролина во близина на Скопје, под силно обезбедување

Поп-ѕвездата Каролина Гочева денеска прави свадба со уметникот Михаил Корубин. На големо се зборува дека свадбената веселба ќе биде надвор од Скопје, наводно во близина на Општината Петровец. Се зборува дека прославата ќе биде под шатори. Поп-пејачката мислела на сè, па ангажирано е и обезбедување, кое најстрого ќе го чува просторот за да не може да се фотографира.
Поп-ѕвездата пред две недели направи моминска вечер на која беа поканети нејзините најблиски другарки, но и колешки од естрадата. Со Михаил Корубин беа повеќе од година дена во љубовна врска пред да се решат за брак. Летово беа на одмор во Италија и на Миконос во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top