четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 97 ново

„Ај Кју“ продолжуваат без Леа и пеат „Боби баш ми е гајле“

IMG_17991

Петнаесетгодишната Марија Ивановска, талент и глас за кој допрва ќе се зборува, е новиот член на популарниот скопски бенд „Ај Кју“ („Eye Cue“), како и на големиот тим на „Горила продукција“. Интернет сензацијата Марија веќе е позната по своите одлични преработки на светски и македонски хитови, а нејзините видеа на „Јутјуб“ се сѐ погледани и преслушувани. Таа во групата ќе го замени досегашниот главен вокал Леа, со која „Ај Кју“ ги направија досега најголемите хитови.

За да се обележи овој свеж старт и почеток на новата ера, бендот ја преработи една од најпознатите песни некогаш испеани на детските фестивали. „Боби баш ми е гајле“, напишана од македонската музичка легенда Драган Каранфиловски – Бојс, за првпат беше изведена во далечната 1994 година на битолскиот фестивал „Си-До“, а сега, речиси 20 години подоцна, доби нова верзија.

„Ај Кју“ во нов состав, сними и видеоспот за оваа преработка. Режисерот Огнен Шапковски и директорот на фотографија Кристијан Теодоров–Кики за таа цел одбраа неколку локации во Преспа и во Долно Дупени.

Подмладени и свежи, Бојан, Иво и Марија со „Боби баш ми е гајле“ го најавуваат активното „Ај Кју“ лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top