вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 96 ново

Од командос до директор: Какви квалитети поседува Замир Мехмери за да биде предлог на Владата?

Активистот во Шарената револуција Замир Мехмети, по предлог на Владата предводена од премиерот Зоран Заев и СДСМ од денеска е член на Одборот на директори на Телеком.

Професионалното портфлио на Замир Мехмети сигурно не му обезбедува директорка позција, па јавноста живо сја интересира со кои предиспозиции, кавилитети, искуства и критериуми Мехмети станува директор во компанија во која Владата учествува со 38,68 проценти во сопственичката структура.

Полициска држава: МВР затвора Фејсбук и Твитер профили кои објавуваат за директиското унапредување на шарениот револуционер Замир Мехмети во Телеком

Замир Мехмети е истакнат борец против „режимот на Никола Груевски“ и активист на Шарената револуција. На минатогодишните дивеења беше член на групата „Шарени командоси“ кои со пластични пушки наполнети со боја, ги боеја фасадите на државните институции. Мехмети е поранешен член на Советот за радиодифузија, а работеше и како новинар во „Макфакс“. Тој во животот нема работено ништо што е поврзано со телекомуникациите и менаџирањето, она што е познато за неговата кариера е дека бил активен во неколку невладини организации, најголемиот дел финансирани од Сорос.

Интересно е како Замир Мехмети го прифатил предлогот од Владата, за кој гласале и министрите од ДУИ, кога тој не би ги ставил ниту за благајници во куќен совет.

„Не знам кој е точниот пазар на Заев со Ахмети ама пола од предлог министрите од ДУИ, не би им верувал ни за благајници на куќен совет да бидат. Толку капитални кадровски компромиси би биле контрапродуктивни кон идејата на новото време. Ова се разбира ако сакате владата да е реформска, ако не супер е и вака“, мислеше Мехмети во мај.

Владата на компанијата ѝ го предложила Горан Трајановски да биде избран за главен и оперативен директор, а за неизвршни директори покрај Мехмети, предложени се Сашо Велевски, Дивна Ефтимовска и Анета Симеска. Досегашниот член Назим Буши треба да биде реизбран.

Новите членови на одборот доаѓаат на местата на Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев кои беа поставени на предлог на Владата на  Никола Груевски.

 

Ваква ли департизација на институциите и општеството ветуваше СДСМ, така што не престана да им се оддолжува на шарените револуционери поставувајќи ги без квалификации на високи позиции на во државни институци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top