вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 58 ново

Загина човек – му падна потпорен ѕид во Дебар маало

Шеесет и осумгодишниот Мијалчо Тодоровски утрово починал откако врз него паднал потпорен ѕид.

Од МВР информираат дена несреќата се случила утрово, во 9.10 часот, кога на улицата Дане Крапчев, Тодоровски застанал во близина на објект, каде што се изведувале градежни работи, но во еден момент попуштил потпорниот ѕид и го затрупал. Повредениот починал на место.

Несреќата се случила на улицата „Дане Крапчев“ во скопската населба Дебар маало.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top