вторник, 18 септември 2018 | Вести денес: 90 ново

Се реконструира пешачко-велосипедската патека на булеварот „Кочо Рацин“

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ја реконструираат пешачко-велосипедската патека на булеварот Кочо Рацин, на потегот од крстосницата со улицата Мирче Ацев до крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу.

На оваа патека, како што соопштија од Град Скопје, ќе се отстрани постојниот стар и оштетен асфалт, ќе се вгради тампонски слој, ќе се заменуваат и спуштаат рабниците, ќе се санираат и нивелираат шахтите и сливниците, а потоа ќе се нанесе нов асфалтен слој, на должина од 700 метри.

Градежните работи на овој потег се очекува да завршат за еден месец. Градот Скопје во овој градежен зафат ќе вложи 3 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top