сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 41 ново

Михајловски: Деца умираат, шумите изгореа, а ти молчиш!

Актерот Тони Михајловски на Фејсбук го изрази својот револт за немилите настани кои се случија изминатиов период во Македонија.

– Шумите изгореа, ти молчиш. Деца умираат, ти молчиш. Мерцедесот се вози, ти молчиш. А колку грамаден беше кога се бореше за грмушки. Ми фалиш. Ми фали твојата безмерна храброст и жртвена спремност да го гушнеш ГТЦ. Твојата месијанска заводливост и дарба да воскреснуваш мртви, недостига да ја сопре смртта.  Мрсиш муда додуша за фашизам, груевизам, и за се уште ти е криво ВМРО. Мрси си ти, ама фати се за работа. Оти иде време кога и твоите дела или недела, па и петок ако сакаш:) , ќе се оценуваат, напиша Михајловски на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top