петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Бебињата родени во септември се поуспешни од останатите

Сите родители прават сѐ што можат за да се погрижат за успехот на нивното дете. Но, дали тие можат да му помогнат со тоа уште пред неговото зачнување? Според најновото истражување  спроведено на Универзитетот во Торонто, Северозападниот Универзитет и Универзитетот во Флорида, месецот на раѓање е голем показател за идниот училиштен успех на детето.

Имено, бебињата родени во септември се во предност, бидејќи училишната година во градинките и училиштата почнува на 1-ви септември. Тоа значи дека септемвриските бебиња најчесто се најстарите и најразвиените ученици во нивното одделение или група.

Од друга страна, пак, бебињата родени во февруари се најчесто најмладите и најмалку созреаните ученици во одделенијата, што значи дека можно е да наидат на одредени проблеми.

Иако овие придобивки започнуваат уште на 5-годишна возраст, истражувачите дознале дека тие продолжуваат да се провлекуваат и во понатамошниот живот на децата. Септемвриските бебиња имаат поголеми шанси да завршат факултет и помалку шанси да одат во затвор за некаков малолетнички криминал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top