среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 51 ново

Милошоски: Врз доказите прибавени на незаконит начин не може да се заснова судска одлука

Судот не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на Закон и никако поинаку, истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што вели Законот по однос на употреба на материјали кои што можат или не можат да бидат сметани како докази?  Член 12, став 2 од Законот за кривична постапка вели дека доказите прибавени на незаконит начин, како и доказите произлезени од нив не може да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука. Нелегалното прислушкување на шпиони и разузнавачи , нелегалната операција за прислушкување на половина држава- политичари, бизнисмени и новинари, не може да биде озаконета затоа што е нелегална, без разлика на политичкиот притисок од СЈО или од СДС, додаде Милошоски.

И самите судии, додаде тој, кои ставиле потпис на ваква одлука многу добро го знаат Член 12, став 2 од Законот за кривична постапка.

-Нелегално стекнати материјали ниту можеле ниту можат да служат како докази во било која постапка. Кој се целите на СДСМ и нивните поддржувачи? Има две цели, првата цел е да се покрие криминалот сторен од Заев кој што е документиран на легален начин, а во криминалот тој бара поткуп од 200 илјади евра, а втората цел на СДСМ и СЈО и нивните блиски поддржувачи е да се дигне димна завеса во овој период кога Владата е неспособна да изгасне две депонии и десет пожари, кога Владата е неспособна да додели 100 илјади денари плата за лекарите специјалисти како што ветуваше, кога Владата е неспособна да склучи добар договор со Бугарија и кога Владата е неспособна за законски смени на директори во јавните претпријатија, па партизирањето го прави со брзање од ден на ден, вели Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top