среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 14 ново

Што откри Викиликс за Макрон?

Викиликс објави повеќе од 20.000 мејлови од претседателската кампања на францускиот претседател, Емануел Макрон.
Станува збор за испратени и примени мејлови во периодот од 20 март 2009 година до 24 април 2017 година.
Објавувањето на одреден број на мејлови само два дена пред вториот круг на претседателските избори во Франција, 7 мај кога Макрон ја победи лидерката на екстремно-десничарската Марин Ле Пен, предизвика бура од реакции.
Документите се објавени на сајтот на Викиликс.
Но, за разлика од „протекувањето” мејлови кои ја потресоа американската претседателска трка во 2016 година, во Франција тоа немаше големо влијание, констатираат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top