среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

БЕСА: Министерот Таравари е несериозен, треба да има одговорност за епидемијата и смртните случаи во Симница

Гостиварскиот огранок на најголемата албанска опозициска партија, БЕСА изрази длабоко сочувство кон семејството на починатите од селото Симница, посочувајќи дека министерот за здравство, Арбен Таравари се однесувал несериозно кога случај со смртни последици го дефиниран со две-три реченици во видео порака на социјалните мрежи од Соединетите Американски Држави.

-Движењето БЕСА, огранокот од Гостивар изразува длабоко сочувство на фамилијата Мифтари од селото Симница кои загубија два членови од фамилијата во само два дена. Околностите кои придонесоа за загуба на животите на двајцата членови од ова семејство ни налагаат освен сочувство, да ја изразиме и нашата загриженост. Сомнителни и контрадикторни се и информациите кои произлегуваат од официјалните органи што го прават уште посомнителен и и почувствителен овој трагичен случај, се вели во соопштението од БЕСА.

Се додека надлежните органи изјавуваат дека ситуацијата е под контрола, велат од најголемата албанска опозициска политичка партија, тие ни самите не се во состојба да објаснат за тоа како се случи во рок од 48 часа да ги изгубат животите двајца членови на едно семејство, а не се во состојба да ги кажат причините.

– Не се дава отчет за одговорноста на персоналот од гостиварската Болница и не се објаснува дали постојат минимални услови за третирање на оваа инфекција која постепено зазема размери на епидемија ако го земеме предвид бројот на пацинетите кои секој ден се повеќе се обраќаат за помош со истите симптоми. Нашите сомнежи се зголемуваат кога во инфективната клиника има се повеќе вакви случаи. Нема никаква информација од одговорните институции за тоа колкав е ризикот за регионот и колкави се можностите за проширување на оваа инфекција за која институциите не успеаја да реагираат на време, резултирајќи за жал со загуба на два животи, се вели во нивното соопштение.

Гостиварскиот огранок на Движењето БЕСА бара одговорност и детален извештај од надлежните институции.

-Сметаме дека ниту малку не е сериозно целиот случај да биде дефиниран со две-три реченици кои министерот за здравство ги кажа во видео на социјалните мрежи од САД, а двајца наши сограѓани го загубија животот, а други продолжуваат да се хоспитализираат од оваа засега необјаснива болест, потенцира БЕСА, пренесува порталот telegrafi.com.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top