понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Омилените љубовни филмови ви го уништуваат љубовниот живот

Ситуациите кои се филмувани многу ретко се случуваат во животот, но нивното влијание е силно на нашите очекувања. Но, кои се тие најчести филмски ситуации кои не се случуваат во животот? Следуваат листа на филмови со оригинални наслови, заради варијациите во преводот, кои најмногу ги рушат очекувањата од настаните.

  1. Sleepless in Seattle, 1993

Филмска лага: Спикерот на радио е ваша сродна душа. Се фрлате во потрага по него!

Животна вистина: Најчесто тоа е Хауард Стерн! Останете дома.

  1. Pretty Woman, 1990

Филмска лага: Ако жената е проститутка кога тогаш ќе дојде некој убав и богат кој ќе и плати огромни пари да му глуми девојка, а потоа ќе се заљуби во нејзе.

Животна вистина: Ако жената е проститутка, просечно богат маж со просечен изглед ќе и плати за „провод“ и ќе исчезне .

  1. Say Anything, 1989

Филмска лага: Таа прекинала со момчето, а тој прави се што ќе му текне повторно да ја освои. На крај се смируваат и се среќни до крај на животот!

Животна вистина:  Девојката ја прекинува врската, момчето праќа неколку пораки, не добива одговор и исчезнува. Засекогаш!

  1. He’s Just Not That Into You, 2009

Филмска лага: Девојка запознава фантастично момче, нему таа не му е „баш по кеиф“, но одеднаш е целосно вљубен, само што тоа не го сфатил веднаш!

Животна вистина: Девојка запознава момче кое и се допаѓа, кај него нема хемија, секој иде на своја страна!

  1. The Holiday, 2006

Филмска лага: Девојка запознава момче на одмор, се вљубуваат до уши и сметаат дека врска на деличина може да функционира. И вистина супер функционира!

Животна вистина: Со време еден или се сели или запознава некој нов во кого се вљубува. И онака врски/ бракови на дистанца ретко успеваат.

  1. The Ugly Truth, 2009

Филмска лага: Оној безобразен колега всушност е фантастична личност и дефинитивно ќе се вљуби во девојка која сака да го промени

Животна вистина: Тој е таков бидејќи така сака, па ако некој го предизвика на промена, голема е веројатноста и кон таа личност да биде безобразен. Можеби и повеќе од просекот.

  1. Love Actually, 2003

Филмска лага: Пцуење пред шефот толку многу ќе го воодушеви што веднаш ќе се вљуби во девојката со остар јазик!

Животна вистина: Ако пцуете пред шефот поголема е веројатноста да добиете опомена или да бидете испратени на курс за бизнис комуникација.

  1. The Notebook, 2004

Филмска лага: Мажот со кој сте имале летна авантура пред неколку години ушѓте е лудо вљубен во вас и ќе стиру се повторно да ве освои! Вклучително, ќе ви изгради куќа

Животна вистина: Денеска тој има сериозна врска или брак, но повремено ви коментира на ваши постови на социјалните мрежи.

  1. Friends with Benefits, 2011

Филмска лага: Да се име пријател со кој повремено врската прераснува во нешто повеќе е супер начин за започнување на трајна врска!

Животна вистина: Не, не е! Поголема е веројатноста дека ќе ги загубите и пријателот и бенефитот.

  1. A Walk To Remember, 2002

Филмска лага: Момче и ветува на девојката дека никогаш нема да се вљуби во неа бидејќи врската е платонска. Но на крај се вљубува до уши!

Животна вистина: Момчето во разговор со девојка вели дека нема да се вљуби и дека му одговара врска без обврски. Тој навистина не се вљубува, и е збунет кога ќе сфати дека сте очекувале од него да се впушти во романтичка врска со вас, откако нагласил дека нема намера за такво нешто.

Гледајте си филмови, но врската и животот се многу повеќе од 100 љубовни филмски моменти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top