четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да открие каков договор ќе потпише со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ бара премиерот Зоран Заев да го обелодени договорот со Бугарија што ќе го потпише во август. Од партијата сметаат дека премиерот го крие договорот со Бугарија затоа што тој прави штета на државата и граѓаните и сака се помалку да се збори за тој договор.

„ Токму ваквото однесување и штетниот договор кој го преговара Заев отвори тендеција со која се задира во постоењето на македонската држава па слушнавме изјави како онаа на коалицискиот партнер на СДС дека илинденското востание било бугарско, навивачите од Бугарија кои напишаа дека Македонија е бугарска, па се до изјавите дека имаме заедничка историја која не е само македонска, дека македонски јазик не постои итн, изјавите на Божидар Димитров, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и дека спроведувањето на договорот кој Заев го договорил ќе значи крај на македонизмот, изјави кои Заев не ги осуди, ниту демантираше, што како премиер е должен да го прави“, пишува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека македонските граѓани од Заев не добиле одговор што договорил во Софија, но затоа го слушнале како „од Софија си ја обвинил сопствената држава дека ширела национализам и омраза, без да каже кога и кон кого Македонија ширела национализам и омраза“.

За партијата спорни се и неговите изјави дека одредени термини ќе бидат избришани од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што да биде бришено, директно отворајќи простор за историски инжинеринг врз македонската нација и држава.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека е за градење добрососедски односи, со сите наши соседи, базирани на взаемно почитување и обостран напредок и развој, но оти „никогаш нема да се согласи на нешто што е во спротивност со македонските државни и национални интереси“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top