недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Амбасадорот Николоски: ЕУ нека биде наша заедничка цел, а не тема за поделби

По јавните реакции за именувањето на Александар Николоски за амбасадор и шеф на мисијата на Република Македонија во Европската унија, на Фејсбук се јави Николоски, кој објасни дека одговорите на сите прашања лежат во Уставот на Република Македонија и Законот за надворешни работи. Тој нагласува дека приоритет за Македонија е да се подобри нејзиниот углед во ЕУ што би го олеснило интегративниот процес. Угледот во Бриел можеме да го подобриме само со широк политички и општествен консензус, а не со политикантски препукувања.

„Како амбасадор на Република Македонија во ЕУ, ќе ги претставувам сите наши граѓани, сите државни институции и фактори и заради тоа не се кандидирав за пратеник на последните избори и се повлеков од сите функции во ПС на Советот на Европа, како и од сите партиски функции. Сметам дека за оваа битна дипломатска тема не е потребно медиумско надмудрување, туку координација и усогласување помеѓу претседателот на Република Македонија, премиерот, министерот за надворешни работи и мене како амбасадор.Така ќе ја поштедиме јавноста од јавни препукувања, а достојно ќе се усогласиме за интересите и угледот на Македонија во Брисел. Јас сум спремен за тоа и во таа насока ќе се воздржам од секакви други јавни изјави во следиот период. Македонија во ЕУ нека биде нашата заедничка цел!“, пишува Николоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top