недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Мала Италија патува: Во подготовка совршениот концерт под отворено небо

Мала Италија патува е одраз на успехот што го постигна Мала Италија со претходните концерти, и успешната соработка и кохезија меѓу гласовите на Павле Камилоски и Христо Арсовски. Оваа година, за разлика од претходно, настанот ќе биде под отворено небо на плоштад „Мајка Тереза“ на 20 јуни во 20.00 часот и се вика Мала Италија патува затоа што ќе се претстават шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни.

Павле Камилоски го организира настанот Мала Италија патува со цел да ја сподели својата љубов кон музиката со публиката и да оддаде почит кон медитеранската култура, музика и сознанието за истата. Се очекува за време на настанот да се создаде совршена синергија на шпанската, италијанската и француската култура, која ќе резултира со совршено културно исполнување. Според Павле, музиката отсекогаш била дел од него и секогаш стоела на прагот подготвена да го запознае светот со исклучителните емоции што ги носи со себе. Настанот Мала Италија патува има одредена доза на специфичност затоа што музиката ќе биде споделена од чувствата на индивидуалци, а со себе ќе ја носи енергијата на цели култури.

Атмосферата ќе ја исполнат прекрасните гласови и способности на Павле Камилоски како баритон, Христо Арсовски како драмски тенор, Горан Начевски како баритон, заедно со Бисера Чадловска како диригент и камерен оркестар. Овој спој на изведувачи и музичари во синергија на три различни култури и видови на музика се очекува да ги поттикне сите присутни и да не остави никој рамнодушен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top