вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 43 ново

Градоначалникот Трајановски ќе се сретне со најдобрите матуранти

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, в среда (14 часот) во „Сити хол центар“ ќе се сретне со најдобрите 25 матуранти од 21 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парични награди.

Ова е традиционлна манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, а во рамки на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието.

На оваа средба, градоначалникот на Скопје, Трајановски, ќе се сретне со 25 матуранти првенци на генерацијата (2013-2017 и 2014-2017): Софија Кераовска (СУГС „Лазар Танев“), Јован Карапеев (СУГС „Лазар Танев“), Марко Стојковски (СУГС „Јосип Броз Тито“), Мурат Коца (СУГС „Кочо Рацин“), Александар Додевски (СУГС „Георги Димитров“), Бојан Китановиќ (СУГС „Арсени Јовков“), Сара Јовановски (СУГС „Здравко Цветковски“), Наташа Арсова (СУГС „Браќа Миладиновци“), Ана Јакимовска (СУГС „Владо Тасевски“), Антонина Цековска (СУГС „Димитар Влахов“), Амира Одат (СУГС „Цветан Димов“), Дамјан Хаџибанов (СУГС „Михајло Пупин“), Бобан Митровски (СУГС „Михајло Пупин“), Егзон Исеини (СУГС „8-ми Септември“), Марко Митрески (СУГС „8-ми Септември“), Марко Наумовски (СУГС „Д-р Панче Караѓозов“), Никола Симеоновски (СУГС „Боро Петрушевски“), Адриан Азизи (СУГС „Зеф Љуш Марку“), Никола Велковски (СУГС „Панче Арсовски“), Филип Поповски (СУГС „Васил Антевски Дрен“), Марко Камиловски (СУГС „Орце Николов“), Марија Тодосова (СУГС „Никола Карев“), Филип Трајковски (СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“), Мила Богатинова и Џејљан Муртезани (СУГС „Марија Склодовска – Кири“).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top