четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Почина првиот „Бетмен“

Американскиот глумец Адам Вест, кој е најпознат по главната улога во првите екранизирани верзии на приказната за Бетмен, емитувани во текот на 60-те години од минатиот век, почина на 89-годишна возраст.

Вест почина во Лос Анџелес по кратка борба со леукемија, соопшти семејството.

Тој е роден во 1928 година во државата Вашингтон, а кариерата ја започнал на Хаваи во 50-те години од минатиот век.

Вест глумел во речиси 200 филмови и серии, а се занимавал и со позајмување на гласот за јунаците во цртаните филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top