вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 120 ново

Лондонските напаѓачи се радикални исламски терористи

Напаѓачите кои синоќа во центарот на Лондон убија седум, а ранија 48 други лица, најверојатно се радикални исламски терористи, изјави денеска британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад.

– Како што рече премиерката, ние сме убедени дека тие биле радикални исламски терористи, според начинот на кој биле инспирирани и затоа сме должни до дознаеме повеќе од каде потекнува нивната радикализација – изјави Рад за телевизијата „Ај-Ти-Ви“.

Таа не посочи дали извршителите на наподот од претходно им беле познати на безбедносните служби како лица кои претставуваат потенцијлна опаност, нагласувајќи само дека продолжува полициската истрага за откривање на повеќе факти за тројцата напаѓачи.

Според Рад, засега нема докази кои би укажале дека синоќешниот инцидент е поврзан со самоубиствениот напад на концертот на пејачката Аријана Грнде во Манчестер на 22 мај, при што беа убиени 22 лица.

– Сметаме дека е малку веројатно оти постои поврзаност. Изгледа дека нема никаква поврзаност, но засега не можеме целосно да го потврдиме тоа – додаде Рад.

Нападот, што се сличи на Лондон бриџ и Бороу маркет, го изведоа три лица, кои набрзо беа елиминирани од полицијата. Напаѓачите прво со возило удриле во група пешаци на мостот, а потоа со ножеви напаѓале луѓе во подрачјето на Бороу маркет.

Според лондонската Брза помош, вкупно 48 повредени лица се примени во пет болници, а на полесно повредените помош им била пружена на самото место на нападот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top