среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 33 ново

Обезбедувањето на директорот спречило инцидент: „Делии“ за малку не ја линчувале управата на Партизан

03

Челниците на ФК Партизан и навивачите на лутиот ривал Црвена Ѕвезда имале блиска средба вчера вечер по натпреварот кој го одиграа овие два тима во финалето на купот на Србија. Поголем инцидент бил избегнат единствено благодарение на обезбедувањето на генералниот директор на Партизан, Милош Вазура.

До средбата дошло откако во доцните веерни часови челниците на Партизан излегле од еден ресторан каде ја прославувале двојната круна, а кога излегувале од него надвор ги пречекала група навивачи на Црвена Ѕвезда.

– Славеа во ресторанот и се беше во ред додека не излегоа надвор. Таму ги пречека група навивачи на Ѕвезда, чии лица бие покриени со шалови и фантомки, изјавил очевидец за Курир.рс.

Според него „Делиите“ биле лути бидејќи се славело на нивна територија, па тоа го сфатиле како провокација.

– Почнаа да ги навредуваат, а на мета беше и Вулетиќ. За среќа обезбедувањето на Вазура се најде помеѓу двете група, па успеаја да ја смират ситуацијата и да спречат линч на управата од страна на бесните навивачи. Луѓето од Партизан брзо си заминаа со своите автомобили, завршил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top