четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 44 ново

Надал во поход по рекордната 10. титула на Ролан Гарос

rafael nadal

„Кралот“ на турнирите на земјена подлога, Рафаел Надал е апсолутен фаворит на престојниот Грен слем во Париз, Ролан Гарос. Шпанецот доаѓа во фантастична форма, со три освоени турнири и само еден пораз на земја, оној од Доминик Тием во Рим.

Надал има шанса да стигне до 10. трофеј во Париз, што ќе биде трет турнир, по Барселона и Монте Карло, на кој запишал вакво достигнување. Според неговата и формата на конкуренцијата, тенисерот од Мајорка се издвојува над останатите и на патот до полуфиналето не би требало да има посериозен проблем.

Таму, доколку се оди според планот, ќе наиде на Новак Ѓоковиќ, кој ја брани титулата од минатата година.

– Се чувствувам како дома. Секогаш ми е убаво кога ќе се вратам тука. Имам прекрасен однос со сите луѓе кои се дел од турнирот. Месец и половина тренирам напорно и се обидувам да се вратам во старата форма, што не беше случај во претходните неколку години. Моето тело не ми дозволуваше напорно да тренирам. Многу ми помогна што тренирав колку што сакав и мислам дека тоа ќе се одрази на мојата игра тука – вели Надал.

Шпанскиот тенисер имаше фуриозен старт на сезоната на земја, нешто што не се случило од далечната 2010 година. Натпреварите на Ролан Гарос започнуваат денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top