понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 20 ново

Данев: Фактурата за тиранската платформа се македонските национални интереси

analiza229-Zaev-karta-golema-AlbanijaПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на денешното дваесетто продолжение на конститутивната седница на Собранието, истакна дека фактурата за прифатената тиранска платформа се македонските национални интереси.
-Веќе е јасно, платформа има, таа беше наметната како уцена и е прифатена. Фактурата за тоа се македонските национални интереси. Затоа колегите од СДС еве веќе 10 дена молчат, но не само во Собранието на Република Македонија, тие молчат и во нивните штабови. Затоа што нивните членови секојдневно ги прашуваат со таа позната реченица на нашиот кошаркар, леле луѓе што направивме – рече Данев.

Тој додаде дека СДСМ ги излажа граѓаните и токму затоа веќе 60 дена секојдневно се на улица низ цела Македонија протестирајќи против тиранската платформа и барајќи избори да одлучат на кого сакаат да ја оставаат иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top