среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 108 ново

Централниот регистар поради поднесувањето на годишните сметки ќе работи со продолжено работно време

mino

Министерот за финансии Кирил Миноски денеска оствари работна средба со директорот на Централниот регистар Андреа Поповски во просториите на Централен регистар.

При работната посета беше разговарано за текот и начинот на поднесувањето на годишните сметки и финансиските извештаи за 2016 година за правните субјекти од страна на сите обврзници во Македонија.

mino2

Се разговараше за формата и начинот на кој субјектите имаат можност да го извршат поднесувањето, функционалноста на системот и за одличната бројка на поднесени годишни сметки во хартиена и електронска форма.

До 24.2.2017 година околу 20.000 субјекти ги поднеле своите годишни пресметки на интернет, што претставува показател за континуитетот и функционирањето на системот за електронско поднесување на годишни сметки. Бројката е во значителен пораст од лани истиов период кога изнесувала 12.000.

mino3

Беше потенцирано и продолженото работно време кое Централен регистар како сервисно ориентирана институција ќе го овозможи за субјектите со цел да излезе во пресрет при непречено одвивање на сите процеси при поднесувањето на пресметките, односно дека Централниот регистар ќе работии на:

25.2.2017 година – (сабота) во сите Регионални Регистрациони канцеларии и сите Регистрациски канцеларии со работно време од 8.00 часот – 16.00 часот,

27.2.2017 година – (понеделник) и 28.2.2017 година – (вторник) во сите Регионални Регистрациски канцеларии и сите Регистрациски канцеларии со работно време од 8.00 часот – 20.00 часот

На 27.2.2017 година – (понеделник) и  28.2.2017 година – (вторник) со работно време од 8.00 часот – 16.00 часот, Централниот регистар на Р. Македонија овозможува прием на годишните сметки за 2016 година за субјектите и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

–           Кратово – во објектот на Општина Кратово

–           Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар

–           Крушево – во објектот на Уни банка

mino4

Министерот Миноски ја поздрави успешната работа на Централниот регистар како клучна за реформскиот процес во делот на подобрување на бизнис-климата во Република Македонија. Директорот Поповски ја нагласи досегашната успешна соработка со Министерството за финансии како важен фактор за спроведување на реформите и унапредување на процесите опфатени во делокругот на работа на Централниот регистар. Министерот и директорот се заложија за понатамошна успешна соработка во насока на исполнување на барањата на граѓаните и на бизнис-заедницата, со цел унапредување на условите за водење бизнис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top