сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 34 ново

Чекаше четири години и успеа: Пејачката го поништи црковниот брак

По процесот долг четири години, хрватската пејачка Нина Бадриќ (44) го поништи црковниот брак со поранешниот сопруг Бербард Красниќ. Пред законот тие се разведоа во 2012 година.

Ова е еден од ретките случаи во кои е дозволено поништувањето, процес кој знае да кошта и до 1.500 евра.

Освен што и успеа на Нина, меѓу познатите Хрвати кои го поништиле бракот во црква е и пејачката Даниела Мартиновиќ, кој по два обиди и три години на чекање, успеа и пред црквата да се разведе со контроверзниот рокер Марко Перковиќ – Томсон.

Бадриќ се запозна со нејзиниот поранешен сопруг во 2000 година во неговиот ресторан. Двојката се сврши три години подоцна во Дубровник, а судбоносното „да“ го кажаа во 2006 година. По три години брак, пејачката најави развод, но конечно поднесоа документи во 2012 година, иако како што тогаш изјави, направиле се за бракот да им успее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top