понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 89 ново

Мајката на Џорџ Клуни го откри полот на близнаците

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал очекуваат девојче и момче во јуни, откри мајката на актерот, Нина. Минатата недела стана јасно дека двојката очекува близнаци. Нина Клуни рече дека децата „ќе бидат по едно од двата пола“.

– Да, момче и девојка. Тоа ми го рекоа. Колку прекрасно! Мојот сопруг и јас сме исклучително возбудени – рече идната баба за списанието „Вог“.

Според близок на Џорџ Клуни тој се чувствува немирен од фактот дека ќе стане татко првпат на 55 години.

– Џорџ е возбуден, но нервозен. Тој е возбуден за децата, но нормално е да биде и загрижен од тоа дека ќе биде родител – изјави изворот за „Пипл“.

Нина сепак е убедена дека синот нејзин ќе биде одличен татко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top