сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 44 ново

Магична супа за слабеење

Ако сте во потрага по храна која ќе ви помогне да ослабете, без да се изгладнувате, а воедно и ќе ви го сочува здравјето, тогаш ја пронајдовте.

Супата често се користи за детоксикација на организмот и одлична е за поттикнување на варењето на храната.

Потребни состојки:

  • 200g мунго грав
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица сончогледово масло
  • ¼ шолја листови од коријандер
  • 1 ловоров лист
  • 1 мала лажичка свежо изрендан ѓумбир
  • 1 мала лажичка гарам масала мешавина од зачини
  • ½ лажичка куркума во прав
  • ½ лажичка семе од синап
  • 3 лажици сок од лимон

Подготовка:

Измијте го мунго гравот и преку ноќ оставете го да отстои во вода.

Исцедете го, прелијте со литар вода, ставете го ловоровиот лист и оставете да зоврие. Додадете ги сите зачини и нека зовријат 3-4 минути. На крај додадете го лимоновиот сок и варете 40-тина минути.

Може да додадете пробиотски јогурт или уште лимон по вкус.

Рецептот може да го подготвувате кога сакате и заменува цел оброк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top