среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Мајка им го дотерува паметот на ќерките со хит-казна (ВИДЕО)

Иако модерната психологија не претпочита казнување на децата, туку ги советува родителите да пронајдат компромис со помош на разговор, изгледа дека некогаш е невозможно да се избега од традиционалните методи. Најдобар пример за тоа е мајката Алис Веласкез.

Алис веќе немала нерви да им објаснува на своите ќерки тинејџерки дека мораат да водат сметка за уредноста на своите соби. Ѝ било преку глава од тоа да изигрува чистачка, па применила радикална метода. Им ги спакувала сите работи и ги ставила во ќеси за ѓубре и на секоја залепила цен од 25 долари.
Доколу си ги сакаат работите, ќерките ќе треба да платат, но не со пари од џепарлакот или заштедени, туку ќе треба да ги заработат помагајќи ѝ на мајка си во домашните работи.
Секако, постои и стапица – работите не се сортирани по ќеси, така што кога ќе купат една ќеса, добиваат што ќе добијат, на пример: еден чорап, четкичка за заби, кармин и лева патика. Затоа мора да работат за да ги добијат сите ќеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top