среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

Гушкачи на бебиња: Волонтери поминуваат специјална обука за оваа работа

Посебно обучени волонтери во болниците ги гушкаат и ги галат децата кои поминуваат низ страшни кризи. Се работи за дечиња кои се родени како зависници затоа што нивните мајки се дрогирале за време на бременоста.

Децата на жените кои не престанале со дрогата во тие девет месеци, се раѓаат како зависници кои првите денови се борат за да преживеат.

Праксата на американските болници покажала дека овие волонтери некогаш се пресудни за преживувањето на новороденчињата. Стручните лица велат дека бебињата патат додека поминуваат низ процесот на одвикнување од наркотиците, а овие прегратки и тоа како им помагаат.

Според Центарот за контрола и превенција на болестите, бројот на случаи на деца со неонатален апстиненциски синдром пораснал дури за 383 отсто од 2000 година до сега во САД. Ситуацијата не е подобра ни во останатиот дел на светот.

– На овие бебиња име е потребно многу време за да се извлечат од таа состојва, а човечкиот допир им е неопходен – вели Џејн Кавано, медицинска сестра која волонтира во Универзитетска болница „Томас Џеферсон“ во Пенсилванија.

Таа додава дека на бебињата нежноста им е многу потреба кога поминуваат низ апстиненциската криза. Тогаш знаат да бидат многу раздразливи и понекогаш е навистина тешко да се утешат.

Докторите велат дека децата кои биле во контакт со волонтерите побрзо се опоравуваат, имаат потреба од помалку лекови и ја напуштаат болницата порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top