сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 38 ново

Политичките нарачки за Катица Јанева се поважни од сè

Со секој чекор кој Специјалното јавно обвинителство го презема, само ја потврдува политичката позадина на постапките. А непрофесионалноста на нивното работење повторно доаѓа до израз, со оглед на тоа што во денешното соопштение заборавиле, или намерно изоставиле да одговорат на многу значајни прашања. Со тоа само потврдуваат дека политичките нарачки за Катица Јанева се поважни од сè.

Дали имало потреба од блиндирано возило или не?

Дали постапката за набавка на блиндираното возило е согласно закон или не ?

Дали е испорачано тоа што е договорено и исплатено од страна на МВР или не?

Дали некој се стекнал со противправна имотна корист и колкава е истата?

Сите овие прашање се елементи кои би можеле да укажат на евентуално постоење на кривично дело, се разбира доколку истото е сторено. Одговорите на сите овие прашања ги нема во денешното соопштение на Катица Јанева. Ги нема затоа што станува збор за политичка нарачка чија основна цел е да се дефокусира јавноста од скандалозната аболиција на Заев.

Тоа што нарачателите на политичките истраги на Катица Јанева сакаат да го сокријат е дека државата и безбедносните служби не располагаа со соодветни возила за обезбедување на неопходниот степен на заштита на ВИП личности кои доаѓаат во земјава. СДСМ остави хаос во сите области , па така и во оваа. Единствено што остана во колективната меморија е атентатот врз Претседателот Глигоров кој, спротивно на сите безбедносни стандарди се превезуваше во незаштитено возило, добиено на подарок од лица со дебели конекции во подземјето.

gligorov atentat

Безбедносните процедури и стандарди кои се применуваат во Европа и светот налагаат размена на информации и сознанија во однос на заканите, но и мерките кои треба да се преземат за обезбедување на ВИП личностите. Тоа значи дека за одредена личност, службите кои се домаќини треба да одговорат на барањата и да обезбедат соодветна заштита.

Пред набавката на блиндираниот мерцедес, МВР располагаше единствено со возила стари по 20 години кои не ги задоволуваа минималните безбедносни стандарди. Во таква ситуација гостите кои пристигнуваа може или да одлучат да ја заобиколат Република Македонија или земјава да плаќа исклучително високи суми за изнајмување на возилата.

ban-ki-mun-gruevski-645x360

Прв кој беше превезуван во набавениот блиндиран Мерцедес беше Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун уште во јули 2012 година. Oттогаш возилото е редовно користено од Одделот за заштита на определени личности и објекти го како главно возило за високи гости-странски делегации при нивната посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв и втор степен на безбедносни мерки на обезбедување (претседатели на држави, премиери на влади, заменици претседатели, заменици претседатели на влади, министри, и др.)

Меѓу гостите кои го користеа мерцедесот се :

– Делегација – комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе 17.9.2012 г.;
– Делегација – претседателот на Р. Србија Томислав Николиќ 26-28.10.2012 г.;
– Делегација – премиерот на Р. Србија Ивица Дачиќ 22-28.1.2013 г.;
– Делегација – претседателот на Р. Словенија Борут Пахор 16-17.7.2013 г.;
– Делегација – претседателот на Р. Хрватска Иво Јосиповиќ 4-5.9.2013 г.;
– Делегација – претседателот на Р. Полска Бранислав Комодовски 10-11.9.2013 г.;
– Делегација – заменик-претседателот на СР Виетнам Нгуан Ти Доан 1-3.12.2013 г.;
– Делегација – премиерот на Р. Унгарија Виктор Орбан 5.12.2013 г.;
– Делегација – премиерот на Р. Србија Ивица Дачиќ 26.1.2014 г.;
– Делегација – министерот за надворешни работи на Р. Грција и претседавач на ЕУ Евангелос Венизелос 19-20.2.2014 г.;
– Делегација – генералниот секретар на НАТО Андреас Фог Расмусен 22.5.2014 г.;
– Делегација – претседателот на Собранието на Канада Ендру Шер 31.8.-3.9.2014 г.;
– Делегација – премиерот на Р. Хрватска Зоран Милановиќ 9.9.2014 г.;
– Делегација – премиерот на Р. Турција Ахмет Давутоглу 22-23.12.2014 г.;
– Делегација –Претседател на Р. Хрватска – Колинда Грабар Китаровиќ 12-13.04.2016 г.;
– Делегација –Претседател на Р. Чешка – Милош Земан 09-10.06.2016 г.;
– Делегација –Претседател на Р. Србија – Томислав Николиќ 16.09.2016 г.

Меѓу последните превезувани во блиндираниот мерцедес беше и Пјетро Паролин државниот секретар на Светиот престол од Ватикан. Освен за странските ВИП гости, блиндираното возило, исто така, често се користи и во случаи кога останатите блиндираните возила со кои се превезуваат личностите што согласно со Уредбата за обезбедување се под постојано обезбедување, се во неисправна состојба.

gordana-jankuloska-fb-800x466

На денешното соопштение реагираше и поранешниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска:

„Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи.
Како по правило, партиските гласила на СДСМ финансирани од СОРОС оркестрирано, во хор се ставија во функција на мегафони, кои не почуствуваа потреба да побараат став од никого од посочените личности и институции.
СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО“, напиша Јанкулоска на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top