среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Венгер: Реагирав непримерно и се каам поради тоа

arsen venger

Фудбалската Асоцијација на Ангија (ФА), покрена дисциплинска постапка против стратегот на премиерлигашот Арсенал, Арсен Венгер. Францускиот стручњак непримерно реагираше на мечот против Барнли, откако по црвениот картон што го заработи влезе во физички конфликт со четвртиот судија Ентони Тејлор, туркајќи го додека овој му објаснуваше дека мора да се упати кон соблекувалните.

– Искрено жалам за она што се случи. Бев нервозен, но мислев дека ми е дозволено да стојам во тунелот кон соблекувалните. Реагирав непримерно и се каам, требаше да замолчам и да се упатам кон соблекувалните – изјави Венгер.

Според англиските медиуми, францускиот стратег ќе заработи суспензија од два натпревари за ваквото свое непрофесионално однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top