сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 90 ново

Хистерија во Топ тема: Соросовите послушници не дозволуваат да му се спомне името на Милчин (ВИДЕО)

Во текот на вчерашната дебата на Топ тема, проект финансиран од УСАИД, во која учествуваа новинарот Цветин Чилиманов, Фани Каранфиловска-Пановска, прв човек на Фондацијата „Отворено општество“ и првиот човек на МЦМС, Александар Кржаловски, настана непријатна ситуација кога новинарот Чилиманов во еден момент го спомена доскорешниот директор на Фондацијата, лустрираниот режисер Владимир Милчин.  Фани Каранфиловска-Пановска и Александар Кржаловски директор на МЦМС, но и новинарката од Телма вознемирено почнаа да го прекинуваат новинарот Цветин Чилиманов.
top tema
Очигледно оние кои на овој или на оној начин се директно поврзани со финансирањето преку Сорос, не дозволуваат на никој начин да се споменува името на Милчин, човекот кој долги години ја водеше Соросовата фондација во Македонија, кој ги создаде инсталациите во преку кој го корумпираа граѓанскиот сектор. Критичарите велат дека Милчин е главниот џелат на граѓанскиот сектор кој го претвори во партска испостава на СДСМ, партијата во којашто беше член на Централниот одбор.
За Владимир Милчин беа потврдени официјални документи дека соработувал со службите, за што е и лустриран како кодош. Според документите тој го кодошел актерскиот великан Ристо Шишков, со што влијаел на неговиот прогон и репресирање.
Згора на сѐ, не смее да се заборави дека ви­стин­ски­от ор­га­ни­за­тор и на про­те­стот, а, ка­ко што се чи­ни, и на по­ли­тич­ка­та кри­за во земјата, е толму Вла­ди­мир Мил­чин. Се­ка­ко, ту­ка беа и при­друж­ни­те во­ка­ли во форма на граѓански здруженија, а за­ед­нич­ко на си­те, вклучително и СДСМ, е тоа што, всуш­ност, си­те тие „се хра­нат“ од џе­пар­ла­кот од Со­рос, спо­ред ра­ка­та на Мил­чин.
milcin-hasim

Милчин се најде меѓу 100-те личности од Македонија кои беа одликувани „за заслуги за унапредување на Албанците“ од косовскиот претседател Хашим Тачи, меѓу кои и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Албанските медиуми пренесоа дека церемонијата била во насока да ги обедини сите албански политички лидери во Македонија.

1431871672572399

Одликувањето на Милчин не е изненадување. Минатата година организираше митинг на СДСМ на кое беа декларирани ставовите кои денеска се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, како и нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top