сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Босфор е затворен за движење во двата правца

Невообичаено студената зима го стегна и Истанбул. Од синоќа таму паѓа обилен снег, а на места низ градот снежната покривка достига и до скоро 40 сантиметри. Температурите се движат меѓу минус 5 и минус 3 степени.

Поради недоволна видливост запрено е движењето на пловни објекти по Босфор и тоа во двата правца, се до новата наредба, соопшти поморската администрација.

Запрено е движењето и на патничките бродови меѓу азискиот и европскиот брег од повеќемилионскиот град, во правец кон Принцовите острови, Јалова и Бурса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top